Posts

Природни езера во Република Македонија

Во Македонија има над 160 езера. Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации. Според начинот на настанокот на езерските базени, тие се делат на: тектонски, урниски, крајбрежноизворски, постглацијални, карстни, органогени и вештачки акумулации. По своето значење се истакнуваат тектонските езера, како што се:  Охридското ,  Преспанското  и  Дојранското Езеро . Охридско Езеро  — најголемо и најзначајно природно  езеро  во  Македонија , најстаро во  Европа  и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден  екосистем  на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во  1980  година Охридското Езеро и градот  Охрид  се прогласени за  Светско културно наследство , под заштита на  УНЕСКО . Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога  НАСА ...