Природни езера во Република Македонија

Во Македонија има над 160 езера. Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации. Според начинот на настанокот на езерските базени, тие се делат на: тектонски, урниски, крајбрежноизворски, постглацијални, карстни, органогени и вештачки акумулации. По своето значење се истакнуваат тектонските езера, како што се: ОхридскотоПреспанското и Дојранското Езеро.

Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро
Езерото покрива површина од 358,2 km2 и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3

Преспанско Езеро — природно езеро кое го делат три држави: Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата. Претставува важно водно живеалиште и затоа е прогласено за рамсарско место.
Големото Преспанско Езеро се наоѓа на надморска височина од 853 метри и има површина на воденото огледало од 276,2 км2[1], од кои во Македонија 191.4 км2, во Грција 37,6 км2, во Албанија 46,2 км2. Најголемата длабочина на Преспанското изнесува 76 метри и се наоѓа кај месноста Казан пред северниот одрон на Пречна Планина, додека максималната должина изнесува 28 километри, а најголемата широчина 17 километри.

Дојранско Езеро — најмало тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км². Западниот, поголемиот дел (27,3 км²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км²) на Грција.
Површината на езерото изнесува 42,7 км², од кои 15,6 км² и припаѓаат на Република Грција, а 27,1 км² на Република Македонија. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од водостојот, така што во литературата и во официјалните публикации се сретнуваат различни податоци од 41,9 до 43 км². Податокот од 42,7 км² е податок од Статистичкиот завод на Република Македонија од 1996 година. И покрај ваквите разлики, треба да се констратира дека ова езеро е најмало по површина, од трите тектонски езера во Република Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 км. 

Превземени содржини:

Comments